Популарната музичка манифестација ,,Евровизија” годинава ќе се одржи во Малме, Шведска, и тоа првата полуфинална вечер ќе започне утре, на седми мај, втората полуфинална вечер е на деветти мај, а пак големото финале во сабота, на 11-ти мај.
Ова ќе биде 68-мо издание на настанот на кој Македонија втора година по ред не учествува поради економска криза, но затоа пак од регионот ќе настапат Србија, Хрватска, Албанија, Грција…
Песната на хрватскиот претставник Беби Лазања, ,,Рим Тим Таги Дим” веќе подолг период е фаворит во обложувалниците и од тамошниот јавен сервис изјавија дека земјата е подготвена да стане домаќин на ,,Евровизија 2025” и да ја организира манифестацијата, доколку младиот Лазања ја однесе победата.
Во првата полуфинална вечер ќе настапат Кипар, Србија, Литванија, Ирска, Велика Британија, Украина, Полска, Хрватска, Исланд, Германија, Словенија, Финска, Молдавија, Шведска, Азарбејџан, Австралија, Португалија и Луксембург.
Во втората финална вечер настапуваат Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Франција, Австрија, Германија, Ерменија, Летонија, Шпанија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Италија, Израел, Норвешка и Холандија.
Водителки на настанот ќе бидат шведската актерка Малин Окерман и шведската комичарка и актерка Петра Меде, која веќе два пати била водителка на ,,Евровизија”.
Вики Клинчарова