Утре центарот на Скопје без семафори

by fokus

Утре од 8 па се до 15.30 часот нема да работат семафорите во центарот на Скопје поради фактот што во тој период од денот, овој дел од градот ќе биде без струја.

ЈП „Улици и патишта“ го повика МВР да го регулира сообраќајот и  да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.

-Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај ‘Веро џамбо’, Кеј 13 Ноември, Правен факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот ‘Холидеј ин’ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија, се вели во известувањето од ЈП „Улици и патишта“.

На 7 декември поради исклучени семафори, над три часа имаше блокиран сообраќај во потесното и поширокото централно подрачје на градот.

Тогаш МВР и град Скопје влегоа си ја префрлаа топката кој е виновен за сообраќајната блокада во градот.

Поврзани новости