537
Организациите и граѓаните собрани во иницијативата “Го Сакам ГТЦ” утре во 12:30 ќе одржат собир пред бараката каде заседава Советот на Општината за да ги охрабрат советниците да го дадат својот глас за распишување на референдум за зачувување на постојниот изглед на Градскиот Трговски Центар, наспроти идејата на власта да го претвори во барок, налик на другите згради на плоштадот.
Се очекува советниците на мнозинството на СДСМ и коалицијата да го дадат својот глас ЗА и со тоа да застанат зад граѓанската иницијатива, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ се уште недостасува, но најверојатно ќе се гласа против или воздржано.
Иницијативата “Го Сакам ГТЦ” досега собра преку 10 илајди потписи и одржа неколку масовни настани (гушкања на ГТЦ) во одбрана на еден од најголемите знаменитости на градот. Фасадирањето на ГТЦ ќе чини милиони евра, а барокната фасада е дело на Жарко Чаушевски, архитектот кој стои зад поголемиот дел од новите фасади во Скопје, барокните сендвичарници, зградите околу Бристол итн.
Сумата за фасадата е далеку повисока од трошоците за референдум. Инаку, доколку советниците изгласаат ЗА, тоа ќе значи дека жителите на општина Центар ќе гласаат дали се за стариот изглед на ГТЦ. За да успее референдумоит ќе мора да има поддршка од 50 отсто од гласачите плус еден.