Груевски до Заев: Народот не Ви се плаши

by Фокус

Однесувањето на опозициската партија покажува многу јасно дека тие се крајно исплашени, дека се конфузни, дека се во хаос, затоа што сфаќаат дека ова не им проаѓа, и покрај сето нивно силење, и покрај агресијата што ја демонстрираат, тоа се само ситни души кои тргнаа против сопствениот народ и сопствената држава и ништо повеќе од тоа, изјави денеска премиерот Груевски на собирот организиран во Штип.

-Тие знаат дека се прочитани. Но мораат да се храбрат, па така ги слушаме најавуваат се и сешто, па долго ќе траело, па ќе држеле собири низ градови и ќе настапувале порадикално, ова Заев се силел пред неговите неодамна, па којзнае што ќе објавеле и ние демек од тоа треба да се уплашиме и да прифатиме дека со сечените, монтираните и креирани телефонски разговори, ние треба да се повлечеме и на соработникот на странските служби, без избори и народна волја да му ја дадеме државата да ја раководел и да ги решавал големите прашања, а на странската служба да и го направиме меракот и да и ја реализираме целта. Ние знаеме што правите и за кого и за чии интереси работите! Народот не ви се плаши, народот ве прочита и ова не ви поминува! Македонија знае да ја препознае разликата и да види што правите, рече премиерот.

Поврзани новости