361
Екстерните испити од државната матура за учебната 2014/2015 година ќе почнат да се реализираат од утре се до 19 јуни.
Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, странски јазик на 15 јуни, математика на 17 јуни, додека на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика.
Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот.