Утре продолжуваат преговорите во Пржино

by Фокус

По внатрепартиските консултации што се одвиваат викендов, утре најверојатно ќе продолжат преговорите за излез од политичката криза меѓу четирите партии кои се потписнички на Договорот од Пржино.

Ова го потврди и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, кој додаде дека социјалдемократите остануваат на нивните позиции.

-Се надевам дека ќе се дојде до договор после вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.

Во однос на спорот околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи, тој додаде:

„Согласно законите во Република Македонија, Законот за Влада, со министертвата раководат министрите и не може да се прави исклучок со МВР да раководи некој друг…“.

Поврзани новости