Утре во 12 часот ќе биде изречена првостепената пресуда за случајот „Насилството во Центар“, случај отворен од згаснатото СЈО.
Денеска во Кривичниот суд, пак, обвинетите ги дадоа свите завршни зборови и побараа ослободителна пресуда.
На минатото рочиште обвинителката Фатиме Фетаи во своите завршни зборови побара максимални казни за организаторите на насилните протести, Никола Груевски и Миле Јанакиески, додека за четворица од учесници на протестот побара затворски казни, а за еден условна казна.
Пред да ги побара казните и да ги анализира доказите, Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети. Меѓу нив, поранешната пратеничка Даниела Рангелова, која во периодот на протестите беше советничка во општинскиот Совет од ВМРО-ДПМНЕ во Центар, и двајца учесници на протестите.