Јанкулоска спроведена во затворот „Идризово“

by fokus

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доцна попладнево е обезбедена и е спроведена во затворот „Идризово“ на издржување на четиригодишната затворска казна.

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдија дека доцна попладнево им стигнала пресудата од Врховен суд и бидејќи претходно веќе имало издаден упатен акт за затворската казна која не беше реализирана поради нејзиното барање за утврдување на законитоста на првостепената пресуда, одлуката на Врховен за затворската казна е ефективна.

Кривичниот суд наместо упатен акт издал само наредба за нејзин спровод до затвор.

Јанкулоска е осудена за еден од случаите кои ги отвори СЈО, „Тенк“.

Поврзани новости