Утре портокалова фаза, температури до 42 степени

by fokus

Во поголем дел од Македонија максималната температура ќе биде над 35, а на некои места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР особено високи температури се очекуваат утре кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена, а УВ индексот вредност 9.

Денеска подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а утре северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион во портокалова фаза, најавуваат од Управата.

Поврзани новости