Европската ракометна федерација ја суспендираше Грција поради однесувањето на кадетките

by fokus

Европската ракометна федерација експресно донесе одлука, Грција да биде казнета и суспендирана од Европското првенство за ракометарки до 17 години што се одржува во Скојпје. Кадетската репрезентација на Грција е исфрлена од Европското првенство поради однесувањето на кадетките вчера во салата „Кале“ кога одбија да го играат мечот поради маичките со натпис „Македонија“.

„Отворена беше постапка против грчката федерација и дисциплинската комисија одлучи дека тие имале обврска да го играат мечот според правилникот на ЕХФ. Според членот 7 од листата на казни на ЕХФ, Грција е исфрлена од шампионатот, а според членовите 12 и 14.1 од правилникот  резултатот се регистрира со 10. Грција исто така е казнета со 25 илјади евра“, објави ЕХФ.

Грчките кадетки прво не сакаа да излезат на теренот поради натписот „Македонија“ на маичките на стручниот штаб. Кога на крај излегоа на терен, го напуштија откако почна македонската химна. Мечот траеше вкупно 32 секунди по што триумфот службено и беше доделен на Македонија.

Поврзани новости