Утре почнува продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Италија

by Fokus

Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Италија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе почнат да се продаваат од утре, а цените ќе изнесуваат 300 и 500 денари.

Продажбата на билети ќе се организира преку продажбата мрежа на „МКТикетс“ со физичко присуство на купувачите. Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7, 8 и 9 септември од 10.00 до 18.00 часот.

Цените на билетите по трибини:

Северна трибина  Блок 13 и 19 – 300 денари Блок 14, 18, 20 и 24 – 500 денари

Јужна трибина Блок 1 и 6 – 300 денари  Блок 2, 3, 4  и 5 – 500 денари

Западна трибина Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 – 300 денари

Македонските фудбалери имаат три освоени бодови по три одиграни меча, додека Италија има исто толку бодови по две одиграни средби. Натпреварот е закажан за 9 септември од 20.45 часот

Поврзани новости