Утре почнува пријавувањето за зелена карта на САД

by Фокус

Утре, во 18:00 часот по локално време, започнува електронското пријавување за Програмата за зелена карта 2019, која се затвора на 7 ноември 2017 година во 18:00 часот по локално време, соопштија од амбасадата на САД во земјава

Сите кои се заинтересирани за иселеничка виза на САД можат да пристапат до електронскиот формулар (E-DV) на веб-страната www.dvlottery.state.gov , каде има и детални инструкции.

Откако ќе го комплетираат формуларот, треба да ја зачуваат страницата со конфирмација, за да можете да го проверуваат статусот на пријавата.

Притоа, треба да се чува копија од единствениот број за конфирмација, барем до 30 септември 2019 година. Овој број е единствениот начин апликантите да проверат дали се избрани.

Тие мора да се пријават со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користат стара фотографија, ќе бидат дисквалификувани.

Пријава може да се достави само еднаш. Пријавувањето за програмата не се наплаќа, а апликантите ќе може да проверат дали се избрани на 1 мај 2019.

Поврзани новости