Одложено судското рочиште за најголемиот грабеж во Тутунска банка

by Fokus 12:49
12:49

Повторно е одложено судењето за најголемиот грабеж во Македонија, што се случи во НЛБ Тутунска банка, за кој се обвинети осумина вработени, меѓу кои и Бобан Смилевски.

Според обвинението, тој украл 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од трезорот на НЛБ Тутунска банка.

Минатото рочиште на 21 септември беше одложено по барање на одбраната, а рочиштето пред него судот го одложи поради тоа што Истражниот затвор во Шутка немаше со што да ги донесе до суд тројцата обвинети кои се во притвор за овој предмет.

- Advertising -

Поврзани новости