Координативното тело на Кризниот штаб на заеднички состанок со министерот Јанакиески заклучено е дека денес треба најголем дел или скоро сите населени места кои поради снегот беа отсечени да бидат пробиени и да може нормално да функционираат.
-Се очекува и снабдувањето со електрична енергија да биде решено во најкритичните места, истакна денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Министерот соопшти и дека остварил контакт со повеќе грaдоначалниците каде што се уште има непробиени села.
-Дирекцијата за заштита и спасување помага во повеќе населени места и согласно акциониот план денес треба најголем дел или скоро сите населени места да бидат пробиени и да може нормално да функционираат истите. ДЗС ќе вложи максимални напори денеска сите села да бидат пробиени и да имаат нормална комуникација. Сите населени места во Р. Македонија или најголем дел од нив денес треба да бидат проодни, истакна Јанакиески.
Инаку, утре се очекуваат нови снежни врнежи.
Населените места во Центар Жупа добија електрична енергија
Трафостаницата Центар Жупа од вечерва е под напон. Пуштени се 10 Кв изводи кон трафостаниците во селата во Центар Жупа. Над 95 % од населените места во овој крај добија електрична енергија, соопшти ЕВН.
– Во екстремно лоши услови екипите на ЕВН Македонија работат на санираање на поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер, по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Вечерва поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија, велат од таму.
Директорот во ЕВН Игор Гиевски истакна дека екипите на ЕВН работат макотрпно на терен и дека на сите критични точки каде што немаше струја деновите се очекува дека до крајот на денот или најкасно утре ќе бидат отстранети сите дефекти и критичните точки ќе бидат снабдени со електрична енергија.
-Денеска најинтензивно ќе се работи на потегот Жировница, Бошков мост односно подигањето на двата специјални столба од двете страни на езерото со што се обидуваме да ја поврземе 35 киловолтната трафостаница Јанче и конечно реканскиот крај да добие електрична енергија. Веќе две инжењерски екипи се употени на лице место, работиме со 35 електромонтери на терен. Денеска ќе се обидеме да напрвиме се во доцните часови реканскиот крај да добие електрична енергија, истакна Гиевски.
Гиевски додаде дека втората точка на која интензивно се работи на потегот Луково, Јабланица.