Утре во 12 часот ќе се одржи протест пред Македонската радиотелевизија во организација на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Главната парола на протестот е „Да ја ослободиме МРТ од канџите на режимот“.
Повод за овој протест, кој не е прв, е тоа што Јавниот сервис не ги објавува материјателите од „бомбите“ на опозицијата. И минатата сабота имаше протест, на кој жени со гушкање на полицајците се обидоа да го пробијат кордонот кој ја обезбедуваше зградата на МРТ.
Во меѓувреме, Стојанче Ангелов поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и ограничување на пристапот до информации на граѓаните против главниот уредник на Јавниот сервис, Диме Ратајковски и против Јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој издаде препорака да не се објавуваат снимките од „бомбите.“