По 20 години затвор за сопружниците обвинети за убиството на Мављана

by Фокус

По 20 години казна затвор добија Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд за убиството на тригодишната Мављана. Пресудата денеска ја изрече Основниот суд Скопје 1.

Тие беа обвинети дека, во март минатат година, го претепеле до смрт девојчето кое им било оставено на чување, во скопски Битпазар.

-Обвинетите се огласени виновни бидејќи со скарт кабел и тупаници на девојчето му нанеле тешки повреди на главата, грбот стомакот, како и скршеници по целото тело, појасни судијата.

Иако обвинетите се обидоа да докажат дека тригодишното девојче паднало по скали, вештаците потврдија дека повредите не можеле да се случат од пад по тесни и стрмни скали. Ударите во главата и скршените ребра како и многуте подливи докажувале дека девојчето е крвички тепано.

Поврзани новости