Утре, четврток, со почеток од 20 часот на плоштад Македонија во Скопје ќе се одржи масовен собир за поддршка на лицата со посебни потреби.
На собирот, сите хумани граѓани ќе можат да се потпишат во книгата на солидарноста, и со тоа ќе им дадат шанса на лицата со посебни потреби за исполнување на нивните основни човечки потреби и права.
Со иницијативата за донесување на законски измени, со кои ќе им се олесни животот на децата со посебни потреби досега се собраа 10.000 потписи. Родителите велат дека петицијата ќе биде отворена до петок, со цел да се соберат над 10.000 потписи и иницијативата да влезе во собраниска процедура.
Голем број јавни личности им ја дадоа својата поддршка на родителите и најавија свое присуство на собирот во четврток. Помеѓу нив е и шоуменот и хуманитарец Боки Јовановски, кој апелира за поголема излезеност.
,,Да покажеме дека не сме масовни само за политички будалштини, туку и за хумани нешта! Масовно да излеземе на собирот и да им дадеме поддршка на лицата со посебни потреби, за кои што гарантирам дека се најчесните граѓани во нашата земја, и глобално ’’ – повика Јовановски.
Вики Клинчарова