Масакр врз шумското богатство во националниот парк „Пелистер“

by fokus

Овие фотографии се само дел од масакрот што се врши врз шумското богатство во националниот парк „Пелистер“, подружница село Брајчино, а кои до редакцијата на „Фокус“ ги испратија загрижени граѓани, кои биле сведоци на уништувањето на белите дробови во Битолско. Тие алармираат до надлежните да преземат мерки на заштита.

Парадоксот да биде поголем, село Брајчино е прогласено за еко село во земјава.

Според приложените фотографии не станува збор, ниту за уредување на тој дел од Пелистер, ниту пак за планирана сеча.

„Покрај тоа што е загрозен растителниот свет, страда и животинскиот, по што во драстично оретчената шума нема каде да се сокрива, а се знае дека тука живее и реткиот македонски рис, велат загрижените граѓани.

Поврзани новости