Утре ќе се знае за полицискиот час за викендот, а во сабота дали ќе има олабавување на мерките

by Fokus

На утрешниот состанок на Штабот во Владата на кој ќе се вклучи и Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа како ќе се регулира забраната за движење за време на викендот, а на состанокот в сабота ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките од следната недела, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Во денешниот извештај на министерството за здравство, за разлика од претходните денови има скок на новозаболените, односно има 33 новозаразени, уште еден починат пациент и 22 оздравени пациенти од Ковид 19.

 

Поврзани новости