Утре (сабота), симболично со почеток во 11.55 минути ќе започне сенародниот протест „Спас за Кожуф“ во населба Смрдлива Вода, Кожуф планина.
Протестот е со цел да се спречи изградба на две мини хидроцентрали на реката Дошница, бидејќи, како што појаснува Тони Стојановски, член на Иницијативен одбор на ,,Граѓаните за спас на Кожуф”, неповратно ќе се уништи природата, а од изградбата профит единствено ќе имале бизнисмените кои планирале да ги градат хидроцентралите.
Со цел да има поголема излезеност на протестот, бил организиран и бесплатен превоз за граѓаните на Гевгелија, Кавадарци и Неготино, а заинтересираните можеле да добијат повеќе информации на Фејсбук страницата Changemakers4all.
За ,,Фокус” Стојановски појаснува дека природата на Дошница е од непроценливо богатство, а со планираната изградба на двете хидроцентрали, засекогаш ќе се уништат природните ресурси и ќе исчезнат растителни и животински видови.
Тој повика на голема излезеност на протестот, со цел да се спаси Дошница. Додава дека мини хидроцентралите требало да се градат во месностите Баров дол и Папради, од страна на големи тајкуни.
В.К.