Утре ќе се гаси пожарот кај Богданци – ЦУК тврди дека населението не е загрозено и состојбата не е алармантна

by fokus

Утре, рано наутро, околу 6 часот продолжува гаснењето на пожарот кај Богданци. На помош се повикани пожарникари со теренски возила од Штип и Кавадарци, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Состојбата не е алармантна, ниту едно населено место не е загрозено, гори нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева.

Покрај пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, како и тимови на ДЗС и Национални шуми од Валандово и Гевгелија, на располагање за утре имаме три Ер Трактори на ДЗС, два хеликоптери на МВР и еден на Армијата.

Постои можност пожарот да се локализира во утринските часови без употреба на летала.

Пожарот кај Богданци, во кој биле опожарени околу 500 хектари нискостеблеста шума, го зголемил интензитетот попладнево и покрај интервенцијата на двата Ер трактора на ДЗС кои низ повеќе налети и исфрлање вода учествуваа во гасење на пожарот, по што кон локацијата се упати и еден од полициските хеликоптери опремени за гаснење на пожари.

МВР соопшти дека, полицискиот хеликоптер на исфрлил 17 тони вода и дека е спречено негово ширење кон пределот каде се поставени ветерниците, но поради смрачување, односно слаба видливост, сѐ уште не е изгаснат.

 

Поврзани новости