665
Утре, на 16 февруари, ќе биде објавена одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, за аболицијата на екс претседателот Ѓорге Иванов, која им ја даде на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Европскиот суд, по пет и пол години од поднесените апликации, ќе даде одговор дали предметите на СЈО ќе преживеат и судењата кои се во тек, ќе продолжат без пречка, или сѐ ќе падне во вода, односно ќе запрат и ќе се поништат повеќето предмети, а обвинетите и осудените ќе бидат прогласени за жртви, на кои државата дури ќе треба да им плати и обесштетување. Или, накратко кажано, Судот во Стразбур ќе треба да пресече дали „космодиск аболицијата“ на експретседателот Ѓорге Иванов сѐ уште важи, иако изгледаше шашаво.