Поради веќе закажани технички зафати во системот, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од неколку скопски општини.
Во период од 8:00 до 13:00 часот во Ченто без струја ќе бидат дел од корисниците ул. „Антон Попов“, објекти на Автоцентар АД, Здружение на возачи на град Скопје, ИНГ ЛУЛУ ДОО, МЗТ Агрома, Престиж Делукс ДОО, во Општина Гази Баба.
Прекин во снабдувањето со струја, во период од 9:00 до 11:00 часот, ќе има на дел од ул. „Даскал Камче“ бр. 1А – влез 6 (последниот влез кон полициска станица Карпош), потоа од 11:00 до 14:30 часот, дел од ул. „Будимпештанска“, и во период од 09:00 до 15:00 часот, корисниците во околина на ул. „Гиго Михајловски“, сите во Општина Карпош.
Без струја утре во периодот од 13:00 до 15:00 часот,дел од ул. „Петар Манџуков“ во Општина Бутел.