Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре наместа ќе има прекин на електричната енергија.
Од „ЕВН“ соопштија дека корисниците од селата Петровец и Ржаничино утре од 8:20 до 14:30 часот ќе останат без струја, а жителите на селата Миладиновци, Текија и Дељадровци од 8:25 до 14:30 часот.
Во Општина Аеродром, од 8:30 часот до 10:30 часот без струја ќе бидат жителите на улиците „Тодор Чангов“, „Ѓорѓи Капчев“ и „Божин Николов“, а од 11:00 до 15:30 струјата ќе биде изгасена на дел од улицата „Тодор Чангов“, односно во делот кон реката Вардар по главната улица и подулиците со броеви над бр. „46“. Исто така и корисниците од улиците „Атанас Митрев“ и „Венјамин Мачуковски“ ќе имаат прекин на електрична енергија од 10:00 до 12:00 часот.
Дел од улицата „Македонија“, поточно зградата „Палата Македонија“ во Општина Центар утре од 8:00 до 11:00 ќе има прекин на струјата.
Утре, од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна Матка и Горна Матка ќе бидат без електрична енергија.
Корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци утре од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат без струја, а во дел од село Голиево ќе биде исклучена електричната енергија од 10:00 до 12:00 часот.