448
Владата на денешната седница ја утврди Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2018 година и Предлог-одлука за одобрување на финансиски план за 2018 година на Македонската радио телевизија.
-Оваа одлука е придружена со мислењето на владата во кое се истакнува дека ненавременото ставање на Годишната програма за работа на МРТ не е објавена согласно законот, го попречило обезбедувањето на влијание на јавноста врз вкупното работење на јавниот сервис, како и дека МРТ ги прекршила сопствените професионални принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од Собранието на Република Македонија на 27 април, соопшти владината прес-служба.