533
Уставните судии на вчерашниот работен состанок донеле одлука да донираат 20 отсто од својата нето плата за април во фондот за борба против корона вирусот.
– Уставниот суд, уште еднаш нагласува дека во секој од предметите кои се разгледуваат, се оценува уставноста и законитоста на нормите, а не целта која се сака да се постигне преку нив, се наведува во кусото соопштение од Судот.
Уставниот суд пред неколку дена едногласно ја укина владината уредба за кратење на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица.