Боки: Пред вас стои следниот лидер на оваа земја

by Frosina Fakova

На крајот од своето неколкучасовно сведочење, првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник, јавува 360 степени.

-За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика, рече Боки.

Тој сведочеше од 10 часот утрово, а обвинителката Вилма Русковска на крајот имаше само едно прашање за него: Дали за да поседуваш легални средства треба да имаш трансакциска сметка?

Пред новинарите, пак, изјави дека исказот на Јовановски е лага и дека нема докази за тоа што го кажува.

Судењето ќе продолжи утре кога одбрана ќе дава поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Поврзани новости