684
Уставните судии го одложија оценувањето на уставноста на член 11-а од Законот за помилување со кој требаше да се расчисти дали поранешниот претседател на државава, Ѓорге Иванов, можел да ја повлече аболицијата.
Како што објави ТВ 24, судијата Осман Кадриу предложил да се одложи одлучувањето бидејќи има клучни разлики меѓу предлозите на судијата Дарко Костадиновски, кој сега е известител за оваа иницијатива и предлогот на судијата Владимир Стојановски, кому минатата година му беше доделен овој предмет, но неговиот мандат заврши.