420
Предлогот за уставни измени и спротивставените ставови меѓу пратениците од власта и од опозицијата ја одбележаа работната недела што измина. По дводневна расправа на собраниската Комисија за уставни прашања, за понеделник е закажана и пленарна седница.
Претставниците на Владата бараат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во понеделник да гласаат за уставните измени, а тие пак најавија дека нема да ги поддржат.
Доколку уставните измени не поминат во понеделник, односно не се постигне двотретинското мнозинство, најавите се дека ќе се оди на брзи предвремени избори.