Уставните измени да се направат за два до три месеци, вели Ахмети

by Fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со преставници на бизнис секторот во Тетово истакна дека очекува уставните измени да се направат за два-три месеци, но, како што нагласи, тие мора да се случат оти се во интерес не само за Албанците, туку за сите граѓани на оваа држава.

„Уставните измени отвораат можност за успешен почеток за отворањето на преговорите и првото поглавје за членство во ЕУ. И овој ден не е далеку, бидејќи во ноември ќе се одржи средбата на двете влади – таа на Европа и нашата земја.

Но, уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на  сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците туку за сите граѓани“, рече Ахмети.

 

Поврзани новости