626
На денешната собраниска седница во 12 часот предвидено е пратениците да ги утврдат нацртите на седумте амандманите на Уставот. Како што веќе е познато, меѓу амандманите се и оние кои го дефинираат бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, идејата за формирање на посебни финансиски зони на територијата на Македонија каде ќе важат посебни закони, а меѓу амандманите е и оној кој предвидува преименување на Народната банка во Банка на Република Македонија.