Уставниот суд утре расправа за вонредната состојба, владата бара да се отфрли иницијативата за изборите

by Фокус
Уставниот суд утре ќе разгледуваат дали вонредната состојба која ја прогласи претседателот на државата, Стево Пендаровски, е уставна и законита.
Освен потребата од вонредна состојба поради корона вирусот, судиите ќе го анализираат и делот на владините уредби кои се донесоа изминатиов период.
Иницијативата по која ќе се расправа утре е поднесена од физичко лице, а дополнително оформен е и предмет по втората одлука на Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба.
Инаку, до уставните судии се пристигнати многу иницијативи, а една од нив се однесува за уредбата за изборниот процес.
Во пресрет на утрешната седница, Владата оформи мислење во кое се вели дека одредбите од Уредбатa со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес се целосно во согласност со Уставот.
Затоа, од таму побараа уставните судии во целост да ја отфрлат иницијативата како неоснована.

Поврзани новости