Уставниот суд денеска не расправаше по иницијативата за уставноста на одложеното распуштање на Собранието поднесена од страна на Павле Трајанов. Барањето на судијата-известител Наташа Габер-Дамјановска да се поведе постапка по иницијативите за одложеното распуштање на Собранието, не беше прифатено од страна на мнозинството судии, а Уставниот суд се прогласи за ненадлежен.
Во образложението на Судот стои дека тој не навлегува во оценка на уставноста и не ја анализира одлуката од уставен аспект, сметајќи дека тоа се однесува на конкретно собрание и конкретен поединечен акт, а не закон, пропис или друг општ акт, кои можат согласно чл. 110 од Уставот да бидат во надлежност на судот.
Но, четворица од деветте судии кои одлучуваа, сметаат дека Уставот не предвидува одложено распушање, па оттука Уставниот има надлежност да расправа за ова прашање.