543
Уставниот суд денеска ја поништи одлуката на распуштање на Собранието и ја оцени како противуставна. Судиите беа едногласни дека носењето одлука со одложено дејство не е во согласност со уставните начела.
Уставниот суд ја поништи оваа одлука во експресна процедура за само десетина дена откако пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, ја поднесе иницијативата. Според него, ова е единствената можна правна разврска на политичката криза.