Груевски: Активисти од невладини скокаат од маса врз програмата на ДПМНЕ

by Фокус 18:57
18:57

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Телеграф зборува за тоа како членовите на невладините организации имале секташко однесување и вршеле индоктринација врз младите луѓе.

-Па, еве, еден пример што ми го раскажа еден од учесниците, мислам некаде во 2009 година од предавањата. Говорејќи им против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо! Или барање во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!! И повеќе слични работи, кои човек го шокираат кога ги слуша, вели Груевски.

- Advertising -

Поврзани новости