369
Уставниот суд ја отфрли и втората иницијатива за укинување на екстерното тестирање. Неа уште лани ја поднесе до судот Наставничкиот пленум. Сепак, мнозинството од Уставните судии сметале дека иницијативата е стара и не е во согласност со Уставот на Македонија.
Минатиот месец, Уставниот суд ја отфрли и иницијативата за оспорување на ектерното доставена од професори од Битола во 2013 година.
Инаку, со екстерното тестирања годинава, ќе бидат опфатени 18.600 ученици од завршните години во средното образование. Поради продолжување на зимскиот распуст, екстерно проверување на постигањата на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година.