Во Скопје секој трет умира од загадениот воздух

by fokus 19:28
19:28

Дури 35 отсто од смртните случаеви во Скопје биле последица од аерозагадувањето, алармираат од Финскиот метеоролошки институт.

Во нивната најнова студија, Скопје е рангиран како најзагадениот град во Европа, според ПМ 2.5 честиците во воздухот кои многу лесно се вдишуваат и се најопасни.

Скопје има два пати повисоки концентрации на ПМ 2.5 честици во споредба со најзагадените градови во Европа, информираше Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

Тој потенцира дека дури 1.300 животи се губат годишно од аерозагадувањето во Македонија, а кое најсилно влијание има кај ранливите групи.

– Најмногу луѓе умираат кога има најголемо загадување, а тоа е во зимскиот период. Од 30 до 35 отсто случаи на смртност се поврзуваат со аерозагадувањето. Најчесто кај ранливите групи. Тоа се прилично високи бројки. Во просек околу 1.300 животи се губат поради аерозагадувањето, потенцираше Ѓорѓев.

 

Воздухот во Скопје денеска е загаден 10 пати над дозволеното.

Поврзани новости