Уставниот суд не успеа да донесе одлука за иницијативата на Левица за изводите

by fokus

Уставниот суд денеска не успеа да донесе одлука по поднесената иницијатива од Левица за преиспитување на уставноста на Упатството за водење на матичните книги со кое се воведува графата националност во изводите.

Имено, судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство, што значи предметот останува отворен и понатаму.

Согласно Деловникот на Уставниот суд одлука се носи со најмалку пет гласа „за”. Иницијативата е поденсена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.

-Денеска Судот дискутираше по предмет во кој се опфатни делови од три члена од Законот за матична евиденција, што е различен од предметот во кој е оспорено Упатството за водење на матични книги и во кој во сила останува т.н. времена мерка, односно запирање на извршување на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното Упатство, се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај, потенцираат од Уставниот суд.

Поврзани новости