594
Во денешната агенда на Уставниот суд немаше место за иницијативата за СЈО, поднесена уште пред осум месеци. За уставноста на СЈО судот не планира да расправа ни утре.
Од таму велат дека не е планирано да има промена и додавање нови предлози на дневниот ред кој бил утврден уште пред една недела.
Заканата од укинување на Специјалното јавно обвинителство и понатаму постои, а судот продолжува да го игнорира и ултиматумот на Шарената револуција, која му постави рок до 18-ти јуни, да се произнесе за уставноста за Законот за СЈО.
Дури в четврток може да се очекува евентуално иницијативата да биде ставена на дневен ред, но во тој случај, таа би се разгледувала дури идната среда.