Врховниот суд на Романија денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, додавајќи дека целиот изборен процес ќе мора да се повтори, пренесува Ројтерс.
Во документите, декласифицирани од Судот, се вели дека земјата била цел на „агресивни хибридни руски напади“ за време на изборниот период.
„Изборниот процес за избор на претседател на Романија целосно ќе се повтори, а владата ќе одреди нов датум“, се вели во соопштението на Судот, пренесе Ројтерс.
Вториот круг требаше да се одржи во недела, а веќе се гласа на избирачките места во странство.
Во интервју за Би-Би-Си пред вториот круг од изборите екстремно десничарски популист, независниот кандидат Калин Георгеску негираше дека е човек на Москва, но рече дека ако победи, ќе ја прекине помошта за Украина.
Тој рече и дека политичкиот естаблишмент не може да го поднесе неговиот успех и затоа се обидуваат да го блокираат.
Изборите треба да се одржат во втората недела по датумот на поништување, предвидува законот.
Тоа значи дека нов круг гласање би можел да биде закажан за 22 декември.