531
Уставниот суд денеска донесе одлука Иницијативата за уставноста на помилувањата кои ги донесе претседателот Ѓорѓе Иванов да биде отфрлена и да не се разгледува.
Како причина за отфрлањето се наведува тоа што помилувањата се веќе повлечени и спорните одредби веќе не се дел од правниот поредок.
Претседателот Иванов на 12 април донесе одлука со која помилува 56 лица, поранешни и актуелни функционери и нивни соработници. Оваа одлука предизвика револт кај јавноста и протести. Потоа, Иванов прво делумно ја повлече аболицијата, а потоа и целосно.