Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ не може вечно да бега од одговорност за поплавите

by fokus

Свесни сме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да бега од соочувањето со вистината и свесни дека стравот од понесувањето одговорност, како наближуваат изборите, станува се поголем, реагираше денеска Горан Сугарески од СДСМ.

-Бегањето од соочувањето со вистината стана заштитен знак на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Цели десет години тие бегаат од соочување со вистината и одговорноста за сопствените постапки. Таквото однесување кулминираше во последниот период.
Во неколку наврати, преку различни трикови успеаја да ја минираат Надзорната комисија за поплавите. Не сакаат на јавноста да им ја објаснат нивната неодговорност и неспособност, воопшто не ни помислуваат Надзорната да продолжи со работа, рече Сугарески.

Исплашени дека ќе загубат контролата врз вработените во адмнистрацијата, тие ги одбиваат и нашите предлог измени на Законот за административни службеници преку кои бараме оценувањето на службениците да се пролонгира по изборите, додаде тој.

Поврзани новости