По пауза од два ипол месеци, Уставниот суд денеска на својата веб страница објави дека 29 септември ќе одржи седница. На дневниот ред не е иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Меѓу иницијативите што се на дневен ред е и „одлуката за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Бутел, донесена од Советот на Општина Бутел“, како и „решението за објавување на Одлука за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Бутел, донесено од градоначалникот на општината“. Станува збор за 55-метарскиот крст во Општина Бутел.
Таа иницијатива ја поднесе струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во Општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.