Уставен суд утре ќе одлучува за изборните рокови

by fokus

Задолжувањето на ДИК да објави Роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои утре ќе одлучуваат уставните судии.

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како што е објавено на сајтот на Уставен суд е четврта точка на дневен ред.

Вонредна состојба завршува в сабота на 16-ти мај. Владата се уште нема одлука дали ќе побара трето продолжување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски од 30 или помалку денови.

Според лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев доколку нема продолжување на вонредната состојба, изборен ден би требало да биде 8-ми јуни, а се повикува на Уредбата на Владата од 22 март за прекин на подготовките на избори за 12 април и продолжување со изборните дејствија за уште 22 дена.

Поврзани новости