558
На закажаната седница на Уставниот суд за среда ја нема точката за разгледување на иницијативата за уставноста на Законот за Специјалното обвинителство.
Во меѓувреме, Шарената револуција одбројува уште два дена до поставениот ултиматум со Судот да се произнесе за СЈО.
За денеска напладне „шарените“ најавија блокади за сообраќајот на три места во Скопје и тоа мостот „Гоце Делчев“, мостот „Слобода“ и мостот „Мајка Тереза“.
„Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за СЈО? Или планира да го укине?“, прашаа тие.