407
Уставниот суд оформи предмет по барање на новинарката на 24ТВ Душица Мрѓа поради две пресуди на Основниот граѓански суд и Апелациониот суд Скопје со кои е пропуштено да се утврди повреда на правото на слободно изразување кога ја вршела својата работа на 27 април 2017 година во собранието.
За подносителката е спорно што во пресудата апелациониот суд прифатил дека не била доведена во прашање слободата на изразување за настаните. Во барањето се спори наведеното од пресудите, односно дека нема повреда на правото на слободата на изразување бидејќи терористички акти се забранети на секое место во државата.
Предметот е во почетна фаза, односно претходна постапка и тим од советник и судија работат на него.