Уставниот суд на денешната седница го отфрли барањето на подносителот Антонијо Милошоски за заштита на слободи и права како акт со кој тврдеше дека му биле повредени слободите и правата.
Милошоски бараше Уставниот суд да го процени неговото барање за заштита на слободи и права во однос на обвинението.
Уставниот суд пак оцени дека „обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот“.
Обвинението според Уставниот суд е поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка.
Во случајот Моќник покрај пратеникот Милошоски, обвинет е и неговиот татко и поранешниот претседател на Лустрациската комисија Томе Аџиевски.
Моќник е предмет на СЈО кој е отворен по таканаречените бомби, а се однесува на злоупотреби со барање на Милошоски за лустрација на судија од Кичево, како и за имот кој го купил неговиот татко со повеќе одлуки на општина Македонски Брод.