Уставен суд го одби барањето на судиите и членовите на судски за враќање на коефициентите по кои се пресметуваат нивните плати. На денешната седница, Уставен одлучил да не поведе иницијатива, бидејќи неодмана донесениот закон со помали коефициенти, не ги крател нивните плати. Напротив, тие повторно растеле, а во моментов, имале и највисоки примања во државата.
Од Уставниот суд велат дека судиите и натаму земаат плата којашто одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и оти нивната материјална состојба и сигурност не се загрозени како што се тврди во иницијативите бидејќи тие влегуваат во групата јавни функционери кои примаат највисоки плати во државата
Судиите лани, токму со одлука на Уставен суд добија покачување од 78 проценти откако укина членови во два закона по кои се пресметуваат нивните плати. Па така наместо според основица, платите на судиите почнаа да се пресметуваат според просечната бруто плата помножена со коефициент кој сега се движи од 2,4 до 3,4. Со одлуката, функционерите и судиите добија покачување од околу 70 илјади денари.