359
„Образование во земјава е на крстопат. Протестираат студентите за деполитизација на образованието, а протестираат и средношколците, тие кои наскоро ќе бидат дел од академскиот кадар“. Со ваков апел денеска излегоа од Унијата на студентите Албанци (УСС) од Македонија. Тие ги повикаа сите свои членови, симпатизери и идни студенти да им се придружат во Скопје на утрешниот протест на средношколците и на студентите.
– На сите нам ни е потребно квалитетно образование. Ние цврсто го поддржуваме утрешниот протест и затоа ги повикуваме сите студенти Албанци без никаков страв да ни се прудружат и заедно да кренеме глас за наше достоинствено образование. Протестот ќе започне утре во 12 часот на скопскиот универзитет – се вели во апелот.