Успешниот лидер знае дека во тимот секој е важен

Иван Петровски, генерален директор на „Фершпед“

by Fokus

Со конституирањето на четири нови совети продолжува просецот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 – годишнината од нејзиното постоење.

Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование и подигнување на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа.

Со овој концепт на функционирање на Советот за високо образование и стратешки истражувања му помагаме на стопанството и овој модел не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис, појаснува за „Фокус“, Иван Петровски, генерален менаџер во Фершпед и член на Собранието на СКСМ.

Петровски како еден од предавачите на модулот ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА РАБОТЕЊЕТО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ за „Фокус“ ги споделува своите искуства, знаење и вештини од својата долгогодишна кариера. Дипломиран економист во одделот за комерција при Економскиот факултет, Скопје. Професионалната кариера ја започнува и гради во ФЕРШПЕД АД Скопје, компанија за меѓународна и домашна шпедиција со јавни и царински складишта.

Во текот на својата кариера минува низ повеќе позиции во рамки на компанијата, каде што тековно ја извршува позицијата Генерален директор на ФЕРШПЕД АД – Скопје. Поседува богато меѓународно искуство во областа на меѓунардно шпедиција и транспорт, со посебно познавање на солунското пристаниште каде што поминува 9 години од кои 8 години како директор на представништвото на
ФЕРШПЕД во Солун.

Член е на Собранието на Стопанската Комора, Претседател на Македонската Транспортна Асоцијација, член на Американската комора во Скопје и член на Европската бизнис Асоцијација.

Главната порака што ја испраќа до младите лидери е дека во тимот секој е важен, а без стручен тим, тим од доверба, не може да се оди напред . Потребата да се размислува стратешки.да се биде постојано блиску до потребата на корисникот на происводот или во случајот на Фершпед до корисникот на услугата е посебно важно бидејки покрај цената и квалитетот, размислувањето за проблемите на партнерите и пронаоѓање на решение на истите е многу  важно за добивање и задржување на клиентите.

ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО

-Иницијативата на Стопанската комора е одлична. Мислам дека искусните менаџери и институциите за високо образование мора да работат во синергија за да функционира  размената и споделувањето на практичните искуства и знаења. Тоа ќе придонесе за учење на вештини кои се повеќе од потребни и неопходни во денешно време на работење, вели Петровски.

Според него овие знаења ќе влијаат позитивно на  подобрување на специфичните познавања кај менаџерите поврзани со се покомплексните предизвици на сите полиња но особено во развојот  на современиот транспорт на стоки и услуги.

-Истите треба да помогнат во намалување на трошоците поврзани како со обезбедување на сировини за работа така и со поефтин пласман на готовите производи на светски пазари. Со намалување на транзитните времиња и трошоците за транспорт директно влијае на намалување на  трошоците на производството и зголемувањето на конкурентноста, додава тој.

    ТРИ СТОЛБА НА ТРАНСПОРТОТ

-Намалувањето на таканареченото „економско растојание” на нашите производи до нивните пазари е вистински предизвик и го сметам како алка, како продолжена рака на процесот на производство. Исто како што  успешното производство мора да има модерна современа техологија, знаење и менаџмент ефикасниот транспорт мора да ги има истите карактеристики без разлика дали зборуваме за патен или железнички сообраќај, вели Петровски.

Тој додава дека имајќи го предвид фактот дека нашата држава како една од десетината landlocked држави во Европа е природно упатена на користење на услугите на најблиското 80-километри одалечено Солунско пристаниште и заедно со патниот и железничкиот сообраќај (не намалувајки го значењето на веќе организираниот авио-карго  транспорт од страна на големите  авиопревозници)  ги сочинуваат трите столба на нашиот ланец на снабдување.

-Овие три столба покрај знаењата што нашите менаџери во малите и средните компании ги добиваат преку системот на високото образование, со својата важност заслужуваат слушателите за нив сега да можат и  преку предавањата во вториот модул  да добијат знаење и информации кои ке бидат добредојдени во нивното работење, додава Петровски.

ПОТРЕБНИ СЕ ЛОГИСТИЧКИ ЕКСПЕРТИ

Петровски појаснува дека одржливиот модерен бизнис менаџмент бара максимален професионализам од логистички експерти кои се способни да размислуваат долгорочно.

-Времето кое е пред нас го карактеризираат крупни промени во нашето транспортно опкружување (концесионирањето на солунското пристаниште, либерализирањето на пристапот кон железничките национални инфраструктури во цела Европа и во нашето непосредно соседство) се само потврда за важноста и чувствителноста на моментот. Единствениот железнички оператор два пати беше во штрајк во месец Ноември додава тој.

Петровски вели дека штетите и загубите се големи кај домашните економски субјекти но имајќи го во предвид  податокот дека огромен дел од превезената количина на националниот железнички оператор е роба која што транзитира преку територијата на нашата држава, штетата од можноста транзитната роба да најде други алтернативни патишта е исто така присутна.

Според него состојбата во друмскиот товарен транспорт е од огромна важност, поради фактот дека поголем дел од суровините и готовите производи се превезува со камиони.

-Како што напомнав гледајќи го транспортот како влезна порта при набавка на суровините и соодветно продолжена рака на производството при пласманот на готовиот производ до пазарите,инвестирањето во современ возен парк е неопходен предуслов за брз,ефикасен,еколошки пријатен и економски прифатлив начин на кој домашниот производ ќе стигне до својот купувач во странство, дополнува тој.

ИНТЕГРАЛНА ДИГИТАЛНА ЦАРИНА

-Посебен предизвик кај друмскиот товарен сообраќај е се понагласениот кусок од возачи. За овој профил кусоците се сериозни и на европско и на светско ниво (неодамнешната бензиска криза во Англија, како и закрчувањата во американските пристаништа предизвикана од немање на возачи). Двата вида на транспорт друмскиот и железничкиот се натаму усложени со состојбата на инфраструкурата и зависни од синхронизирање на меѓуграничните царинските активности, вели Петровски.

Според него олеснување хармонизирање и поедноставување на царинските процедури во огромна мерка влијае на транзитното време и директно на цената на транспортот.

Царинската Управа се  заложи многу во имплементирање на овие работи и со воведувањето на концептот Интегрирана Дигитална Царина е вистински лидер во регионот обединувајки ги сегментите Електронска царинска декларација заедно со новиот компјутеризиран транзитен систем, интегрирана тарифна околина и делот на дигитализирање на акцизното работење во голема мера овозможи олеснување и забрзување на царинските постапки.

 

Можете да замислите  како изгледа движењето на железничкиот превоз во земјите членки на Европската Унија, без промена на локомотиви на граничните премини и без извршување на царински формалности. Товарниот воз на коридорот 4 од Солунското пристаниште до Будимпешта минува без никакви железнички ограничувања чекања и царински формалности преку 4 држави членки на ЕУ, додава тој.

Истиот воз од Солун до Будимпешта на коридорот 10 мора да промени барем 4 локомотиви и три државни граници со посебни царински формалности на секоја од нив.

СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Петровски детално ќе  се осврне  и на третиот столб за кој ќе говори на предавањето организирано преку Стопанската комора во Модулот за развој на мали и средни бизниси. Солунското пристаниште и исклучителните важните промени поврзани со него а од суштинско значење во ланецот на снабдување на индустриските капацитети и пазари во  Македонија.

Во 1904 Отоманската империја го потпишува првиот договор за концесија со француската компанија SocieteAnonymeOttomane de Construction el Exploatittion du port de Salonique,, После период од скоро еден век развој и повеќе фази на организација во 1999 пристаништето се трансформира во акционерско друштво, а во 2017 год.  Грчкиот фонд за управување со дрзавен имот (HRADF) имајќи повеќегодишни преговори потпишува договор за 35 годишно концесионирање со меѓународниот конзорциум (SEGT) South Europe Gateway Thessaloniki. Конзорциумот се здобива со 67% од акциите, 26% се тргуваат на атинската берза и 7% се во сопственост на грчката држава, појаснува Петровски

Според негов оваа промена истовремено значи нов голем инвестициски циклус и поголема ефикасност во манипулацијата на товарите што транзитираат преку пристаништето, а со тоа и стоките што се за потребите на нашите компании.

-Солунското пристаниште не само поради пристанишната модерна инфраструктура, туку и поради исклучително поволната патна, железничка, енергетска и  телекомуникациска инфрастуктура со полно право ја оправдува својата позиција на крајно/ почетно место на коридорот 10, дополнува Петрески.

ПАРТНЕРСТВО СО ФЕРШПЕД СКОПЈЕ

Фершпед Скопје со своето повеќе децениско присуство во Солунското пристаниште преку своја ќерка фирма гради силни партнерства и синергии со пристаништето и е подготвен комплетно да ги искористи придобивките од последниот инвестициски циклус.

-Екстензија на 6 терминал (130 мил.евра) што ќе овозможи прифаќање на постпанамакс контејнерски бродови со капацитет до 24,000 ТЕU наместо досегашните 8000, веќе завршеното модернизирање на пристанишните дигалки, со што просечното време на чекање на бродовите, се намали од 28,5 часа на помалку од 9 како и на сите други параметри кои влијаат на целокупниот логистички коридор.

 

-Нашата филозофија и визија се состојат од континуирано зголемување на ефикасноста на понудените решенија како и практичноста на услугата за нашиот клиент.Фершпед со својот стручен тим присутен на сите гранични премини успешно ги извршува логистички потреби на своите клиенти како за веќе конвенционалните типови на транспортни и царински услуги за генерални товари и контејнери така и за се поприсутната потреба од third-party logistic услуга (3PL) преку својот модерен царински/јавен склад во Скопје. Мислам дека имаме интересни предавања и ќе придонесеме во зголемување на практичните вештини и знаења, вели Петровски.

Соња Танеска

Поврзани новости